(Видео) Водителка се онесвести во емисија во живо

Алиса Карлсон Шварц, метеоролог од Лос Анџелес, се онесвести за време на емисија во живо која се прикажуваше на каналот CBS. За момент ги преврте очите, изгуби боја на лице, а потоа падна на земја.

Нејзините колеги Нишел Медина и Рејчел Ким не забележаа во прв момент, па и рекоа дека ова е затишје пред бура. Кога сватија што е работата им порачаа на гледачите дека ќе направат пауза.

Шоуто прекина да се емитува, а подоцна Алиса ги смири фановите на социјалните мрежи, објаснувајќи дека се е во најдобар ред. Слична ситуација и се случи и во 2014 година, кога среде емисија и се слоши.

Scroll to Top