(Видео) „Засекогаш“ новата песна на Кристина Арнаудова

По подолга пауза Кристина Арнаудова ја објави нејзината нова песна „Засекогаш“. Музиката и текстот е на Весна Малинова, аранжманот и продукцијата е на Роберт Билбилов, додека режијата и продукцијата на спотот е на Александар Ристовски Принц.

Кристина, вели дека оваа песна е она што успеало да ја врати во студио, бидејќи, е песна, која морала да биде отпеана, и едноставно неможела да ја одбие и да ја врати.

Од пред 10 дена целиот снимен материјал и сите албуми, на Кристина , можат да се најдат, слушаат и стримуваат на сите музички дигитални платформи, а за таа намена, таа потпиша договор со Virginia Records, како нејзини издавачи за дигитални платформи.

Во промотивни цели, исто така е изработена и фотосесија, со фотографот Стефан Соколовски, поставени на нејзиниот инстаграм профил.

Како и до сега, примарна работа за Кристина, останува нејзиното хуманитарно здружение ,,Проект Среќа,, каде последниве 7 години го посветува најголемиот дел од своето време и енергија.

Scroll to Top