Бојан и Марија од дуото „Ај Кју“ по десет месеци пауза објавија нова песна со наслов „Заведи ме“. Тие се преселија во Лондон, но за овој проект соработувале од далечина со Роберт Билбилов и направија песна со фанки диско ритам.
Засега песната нема спот, а како аудио е поставена на јутјуб со фотографија од Марија во костим за капење.