(Видео) Жирито на „Гранд“ падна на секси галсот на Македонецот Марковски

Македонецот Борислав Марковски ги воодушеви публиката и жирито во „Ѕвездите на Гранд“. Тој настапи со песните Филизо Моме од Наум Петрески и „Не верујем лепим жанама“ од Славко Боњац.

Марковски доби два гласа од жирито, кои му ги дадоа Џорџе Давид и Драган Стојковиќ Босанац. Од останатите членови доби пофалби. Српската пејачка Јлена Карлеуша не го даде својот глас за Марковски, но го пофали дека неговата боја на глас е многу секси.

„И кога велиш „еци пеци пец“ тоа звучи како милион долари. Толку пресекси. Бојата на гласот е лудило“ изјави Карлеуша.

„Мене ме изгледа дека ова е многу добар пејач. Јас не знам дали овде некој се има појавено со таква боја на глас. Ти си единствен кандидат од Македонија која оваа прва песна ја отпеја со таква „орнаментика“. Секоја чест мајсторе“ изјави Босанац и потврди дека ќе му биде ментор на Борислав.

 

Scroll to Top