(Видео) Ѕвездата на „Гранд“ Александар Темелков ја промовираше новата песна

Ѕвездата на „Гранд“ Александар Темелков ја промовираше новата песна „Илјада војници“. За „Репортер“ ни рече дека ова е негова 11 песна и дека очекува да стане голем хит. Текстот е на Ангела Стерзоска, а музиката и аранжманот на Славко Ристески.

„И оваа песна како и претходните очекувам да стане хит и да им се допадне на публиката. Ова е мојата 11 песна и имам доволно материјал да го објавам првиот албум и да почнам да работам на вториот“, ни рече Темелков кој годинава ја имаше првата турнеја во Канада каде им пееше на нашинците во Торонто.

Иако најмногу е познат по неговите настапи во „Ѕвездите на Гранд“, Темелков ни рече дека во иднина не планира да настапува во музички шоуа и дека сака да работи на кариерата.

Scroll to Top