Виктор Апостоловски: Сите мои песни се од срце

Виктор Апостоловски го сними спотот за песната „Знам“, а ќе го промовира на почетокот на следната недела. Песната ќе се најде на неговиот втор албум, кој е речиси готов.

„Новата песна е во сличен стил како ‘Во срцето’, само овој пат не се работи за една личност туку се работи за многу повеќе. Вториот албум е веќе при крај. И сите песни се од срце, ама особено овие последните четири. Што значи дека следните четири песни ќе бидат ‘оган’“, рече Виктор за „Репортер“.

Тој е автор на музиката и текстот, а сам го режираше и спотот. Ова е четвртиот спот на кој е самиот режисер.

„Решив сè да направам сам. И најлошо да е, ќе знам дека е мое“, додава тој низ смеа.

(А.Ј)

Scroll to Top