Вино, торта и музика – Билјана Дебарлиева го славеше 50. роденден

Билјана Дебарлиева, познатата водителка и презентер на вести, го прослави јубилејниот 50-ти роденден. Таа објави и неколку фотографии на социјалните мрежи од прославата. Иако роденденот и беше на 19 декември, журката ја правеше вчера во еден скопски ресторан.  Вино, торта, музика и драги пријатели беа гости на забвата на Дебарлиева.  Неодамна таа беше гостинка во студиото на Репортер каде зборуваме за нејзините почестоци, кариерата, љубовта и бракот. Во разговорот ни откри дека иако е секогаш смирена, сепак сака дружби со фамилијата и пријателите.

„Јас сакам многу да пеам, и често знам да запејам кога сме собрани со друштво. Исто така сакам да пијам само црвено вино, сакам убава музика. Ако ме прашуваш дали ќе се опијанам, тешко, затоа што си ја знам границата“, ни откри тогаш Дебарлиева.

Ја прашевме и за тоа колку ја плашат годините на што ни рече, дека засега се чуствва убаво и како и секоја жена и таа се соочува со прирдниот процес на стреењето. „Не ме плашат годините, ама ајде чекај да наполнам 50 па тогаш да видам како ќе се чуствувам“, ни рече Билјна.

Во брак се со сопругот Јован и имаат две деца.

Scroll to Top