Виолинистот Петар Маркоски собра еден милион следбеници на „Инстаграм“, ги помина Лила и Џамбазов

Виолинистот Петар Маркоски од Охрид пред неколку дена откри дека има 1 милион следбеници на Инстаграм. Тој ги надмина Лила, Џамбазов, Марјана и многу инфлуенсери, па по теркот на светските ѕвезди прослави со фотографија на која им се заблагодари за поддршката. 

„Едвај чекам да го споделам со вас она што го спремам периодов. Ве сакам сите“, напиша тој.

Петар, кого јавноста го запозна со учеството во музичкото шоу „М2 потрага по ѕвезда“, веќе неколку години ретко пее. Но на социјалните мрежи постојано објавува видеа на кои со виолината прави преработки на познати светски хитови. Дел од овие видеа ги споделија и светските музички ѕвезди.

Маркоски во моментов има 1.1 милион следбеници. Лила ја следат 219 илјади луѓе, Марјана има 120.000 следбеници, а Џамбазов 110.000.

 

Scroll to Top