Влатко Лозаноски заминува на турнеја во Австралија: заедно со нашинците ќе го прославиме големиот празник Велигден

Поп-пејачот Влатко Лозаноски заминува на турнеја во Австралија. Пејачот објави фотографија на фејсбук од претходната година, и со таа слика ја најави агендата за април каде се ќе настапува.

„Оваа фотографија е од претходната турнеја кога ја посетив Австралија. После 9 години, овој април, се гледаме повторно во Сиднеј, Мелбурн, Перт, а за првпат и во Волонгонг каде и заеднички ќе го прославиме нашиот голем празник Велигден“, напиша Лозано.

Тој напиша и дека со нетрпение чека да ги отпее неговите најголеми хитови пред нашинците во Австралија.

Scroll to Top