Влатко Стефановски: Да се расположиме за да заборавиме на проблемите

„Сè што ни треба е љубов“ е мотото на концертот на хрватскиот музичар Џибони, кој заедно со Влатко Стефановски ќе имаат концерт на 23 декември во Скопје. На денешниот прес беше Влатко, а Џибони ја поздрави публиката преку видео.

„’Сè што ни треба е љубов’ и не е исклучена можноста да ја отсвириме со Џибони. Имав преку 70 концерти годинава. Сега се вратив од Австралија и сакам во Скопје најдобро што може да ја заокружам сезонава. Се радувам што ќе го видам Џибони, оти одамна се намаме видено. Возбуда е да се свири со него. Добро би било Скопје да се расположи и да заборавиме на секојдневните проблеми“, рече Влатко Стефановски.

На концертот ќе настапат и групата  „Фенк шуи“, како и синот на Влатко, Јан Стефановски, кој ќе свири на тапани заедно со триото на Влатко. Концертот е во организација на „Авалон продукција“, која го најави како четиричасовна рок-журка за заокружување на успешната година.

 

Scroll to Top