Влатко Стефановски и Танец со концерт на Антички во Охрид

Влатко Стефановски виртуозот на гитара и Танец ќе одржат концерт во Охрид. По концертот во Скопје во ноември лани, најавуваат нов на 29 -ти јули во античкиот театар.
„Влатко Стефановски е стар пријател на Танец, кој во текот на својата речиси петдецениска кариера многупати има настапено со ансамблот, и дома и надвор. Секогаш соработките со Танец ги истакнува како особено значајни и инспиративни за неговата музика, како за македонската музичка култура во целост’, рекоа организаторите.Влатко, освен повремените еднократни настапи со Танец, никогаш досега не остварил целовечерен концерт со ансамблот.

Конечно, во рамките на проектот „Танец и Влатко“овие два бренда ја делат сцената на голем концерт, за кој аранжманите на антологиските ора „Пелистерско“ , „Касапско оро“, „Ситна лиса“, „Поступано“, „Калајџиско“, „Пајдушко“ и незаборавните мелодии на „Елено, ќерко“, „Јано, мори, севдалино“, специјално ги напиша познатиот македонски композитор, аранжер и инструменталист, Дамир Имери.

Scroll to Top