Влатко Стефановски специјален гостин на концертот на Џибони во Скопје

Легендарниот гитарист Влатко Стефановски со својот бенд ќе има целовечерен настап на годинешното издание на фестивалот „Ол ју нид ис лав“(All you need is love) на 23 декември во ВИП-арена „Борис Трајковски“ во Скопје, во организација на „Авалон продукција“ .

Стефановски ќе настапи и како специјален гостин на неколку песни заедно со главната ѕвезда на фестивалот, хрватскиот кантавтор Џибони, со кого соработуваше на неговите албуми во Хрватска.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба од среда. Цените ќе се движат од 700 денари во партер до 2000 денари на ВИП-местата.

Scroll to Top