Влатко Стефановски заминува на турнеја во Хрватска

Македонскиот гитарист Влатко Стефановски заедно со неговиот бенд „Влатко Стефановкси Трио“ составено од синот на Стефановски, Јан и Иван Кукиќ заминуваат на пролетна турнеја во Хрватска.

Првата станица е Загреб, каде ќе одржат концерт на 17-ти мај во „Творница културе“. Турнејата за продолжува со концерти во Славонски Брод во КДД Ивана Брлиќ-Мажураниќ и Риека во Хрватскиот културен дом Сушак на 18-ти и 19-ти мај.

Влатко Стефановски и В3 изминатата година заедно со „Танец“ одржа концерт во Загреб во концертната сала „Ватрослав Лисински“.

Стефановски минатиот месец ја добити специјалната награда „Мулти-платинум Аврд“ на четвртото доделување на наградите „Топ Хрватски музички награди“ во Загреб, што е најголемото дискографско признание во Хрватска за исклучителни дискографски достигнувања во музиката.

Scroll to Top