Влатко Стефановски награден со најголемото дискографско признание во Хрватска

Македонскиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски добитник е на специјалната награда „Мулти-платинум Аврд“ на четвртото доделување на наградите „Топ Хрватски музички награди“ во Загреб, објави „Кроација рекордс Македонија“.

Ова е најголемото дискографско признание во Хрватска за исклучителни дискографски достигнувања во музиката.


Ова не е прва нагарда за Стефановски, тој во 2021 година го доби признанието директно на сцената на познатата концертна сала „Ватрослав Лисински“, и тоа лично од Желимир Бабогредац, претседател на Хрватското дискографско здружение и директор на „Кроација рекордс“.

На доделувањето на наградите на едно место беа собрани најголемите музички ѕвезди од регионот.

Наградите се организирани од Хрватската асоцијација за дискографија и РТЛ, кои ги додели на најуспешните музичари во изминатата година во 11 категории според прецизни податоци добиени според радиото емитување на HR Top 40, кои вклучуваат повеќе од 140 радиостаници низ цела Хрватска, според физичката продажба и според дигиталните податоци за продажба на услуги за стриминг на музика.

Фото: Бојан Зибар,Самир Цериќ Ковачевиќ, страница на „Кроација рекордс“ на Фејсбук.

Scroll to Top