Урнебесна приредба, смеење до солзи, гламур, забава. Вчера се одржа 21. издание на „Златна бубамара на популарноста“. Преполната сала „Борис Трајковски“ беше местото за хумор и сатира, емоции, малку носталгија и сето тоа спакувано онака како што може само Ранко Петровиќ да го замисли. И овој пат Сашко Коцев се надмина себеси, па на публиката точно знаеше што ѝ треба.
И тоа „Сè за подобар живот“, мотото на вчерашната приредба. Коцев и компанија ја фатија на смеа – инспирацијата секогаш е политиката и политичарите во земјата. Од „мерцедесот“ на Никола Груевски, преку немилите нстани во Собранието раскажани во стилот на Коцев, до тоа дека прокиснува „барокот“ што го остави зад себе ВМРО-ДПМНЕ, до констатацијата дека „овие од СДСМ не знаат да го оправат“. Смеење до солзи и за името и предлозите како да се вика земјава.
Ракијата што удира во глава, онаа на ВМРО-ДПМНЕ, која те опива дури 10 години, оти нешто послаба била претседателската ракија и онаа на СДСМ… и сето ова одлично спакувано, со многу штосови на сцената. Игор Џамбазов, Кили, Атанас и Тино, задолжително како засилување на „Бубамара“. Наградите и овој пат од Академијата на бубамара, распределани во категории.
Дани Димитровска има албум на годината. Најпопуларен блех-оркестар се Агушеви. Најбалканска група „Дубиоза колектив“, нај ТВ-проект е „Пат до успехот“. Награда за животно дело „Октет Македонија“, мултимедијален уметник е Тијана.
Награда за трајни музички вредности доби Маја Оџаклиевска, а за животно дело Дадо Топиќ. Филм на годината е „Исцелител“. Актерско откритие на годината доби Благој Веселинов, актер на годината е Александар Микиќ. Најпопуларна ТВ-серија е „Фамилија Марковски“, а актерка на годината Нина Деан.
Музички видеоспот за „Слаткаристика“, татарска претстава на годината се „Вардарски пастуви“.
Спортски херои се ракометарите на „Вардар“. ТВ забавна сатирична емисија – „Фчерашни новости“. Награда за трајни музички вредности доби „Нови фосили“.
Најпопуларна ТВ серија е „017 Инсајдер“, а најемитувана емисија е „Еден на еден“. Концерт на годината за „Меморијa“, мјузикл на годината е „Мама миа“.
Постхумно наградени за животно дело – Иван Карадак, Саша Николовски Ѓумар и Зоран Милосављевиќ.