Вмровска ракија удира во глава 10 години

By

Урнебесна приредба, смеење до солзи, гламур, забава. Вчера се одржа 21. издание на „Златна бубамара на популарноста“.  Преполната сала „Борис Трајковски“ беше местото за  хумор и сатира, емоции, малку носталгија и сето тоа спакувано онака како што може само Ранко Петровиќ да го замисли. И овој пат Сашко Коцев се надмина себеси, па на публиката точно знаеше што ѝ треба.

Мама Миа

И тоа „Сè за подобар живот“, мотото на вчерашната приредба. Коцев и компанија ја фатија на смеа – инспирацијата секогаш е политиката и политичарите во земјата. Од „мерцедесот“ на Никола Груевски, преку немилите нстани во Собранието раскажани во стилот на Коцев, до тоа дека прокиснува „барокот“ што го остави зад себе ВМРО-ДПМНЕ, до констатацијата дека „овие од СДСМ не знаат да го оправат“. Смеење до солзи и за името и предлозите како да се вика земјава.

Кили и Ангушеви

Ракијата што удира во глава, онаа на ВМРО-ДПМНЕ, која те опива дури 10 години, оти нешто послаба била претседателската ракија и онаа на СДСМ… и сето ова одлично спакувано, со многу штосови на сцената. Игор Џамбазов, Кили, Атанас и Тино, задолжително како засилување на „Бубамара“. Наградите и овој пат од Академијата на бубамара, распределани во категории.

Нови Фосили и ракометарките на „Кометал“

Дани Димитровска има албум на годината. Најпопуларен блех-оркестар се Агушеви. Најбалканска група „Дубиоза колектив“, нај ТВ-проект е „Пат до успехот“. Награда за животно дело „Октет Македонија“, мултимедијален уметник е Тијана.

Тијана Дапчевиќ

Награда за трајни музички вредности  доби Маја Оџаклиевска, а за животно дело Дадо Топиќ. Филм на годината е „Исцелител“. Актерско откритие на годината доби Благој Веселинов, актер на годината е Александар Микиќ. Најпопуларна ТВ-серија е „Фамилија Марковски“, а актерка на годината Нина Деан.

Нина Деан, актерка на годината

Музички видеоспот за „Слаткаристика“, татарска претстава на годината се „Вардарски пастуви“.

Слаткар

Спортски херои се ракометарите на „Вардар“. ТВ забавна сатирична емисија – „Фчерашни новости“. Награда за трајни музички вредности доби „Нови фосили“.

Ракометарите на „Вардар“

Најпопуларна ТВ серија е „017 Инсајдер“, а најемитувана емисија е „Еден на еден“. Концерт на годината за „Меморијa“, мјузикл на годината е „Мама миа“.

Постхумно наградени за животно дело – Иван Карадак, Саша Николовски Ѓумар и Зоран Милосављевиќ.

 

Ќе ви се допадне

Watch How Not to Summon a Demon Lord Ω Episode Preview (https://animeflix.nl/m/MOkl/ep-1) at website https://animeflix.nl. See more hotarubi no mori e animeflix

Fairy Tail Episode 175 at website https://animeplanet.cc anime planet jojo part 5