Габриел Бајрам (синот на Амди Бајрам) му купи „порше“ на својот син за роденден. Подарокот е за неговиот 20. роденден и освен што се пофали на социјалните мрежи, му рече да се заколне во џамија дека нема да вози повеќе од 150 километри на час.
„Сине мој, слико моја, наследнику на тато, гордост татина, денес ти е роденден и сите сме радосни исто како и кога се роди пред 20 години. Знаеш дека твојата желба за нас отсекогаш била заповед. Дека твоето барање за нас беше наредба. За тебе, тато сѐ ќе даде, па дури и душата своја, дури и очите, дури и срцето. Но, сепак, толку те сакам што не сакам да ти се случи што било, сакам да те заштитам. За овој 20-ти роденден ти купив два подарока. И двата ти се од срце, но, сепак, едниот е без услов, а вториот е со услов.
Едниот подарок е твој и клучевите ти ги даваме веднаш и сега. Вториот подарок е со услов и се зависи од тебе, а сведок сакаме да е Алах. Знам дека го посакуваш, знам дека ти е при срце, ама ете. Сине се плашам за тебе премногу и затоа сакаме да ни ветиш нешто, и тоа пред Господ, да се заколнеш во џамија:. Нема да возиш повеќе од 150 на час, ќе возиш внимателно и ќе пазиш на секое твое движење, ќе го чуваш и негуваш, бидејќи е твој и ничиј друг и ќе го почитуваш дадениот збор.