Во љубов сум и денес со моите поранешни мажи, откри Калиопи

Поп дивата Калиопи заради поранешниот сопруг Ромео Грил, ја скратила косата и го променила имиџот. Калиопи со години е позната по долгата црна коса, сега ги има скратено шишките.

„Така ми дојде. Се разбудив и почувствував дека косата мора да ми биде пократка. Се разбира, секогаш се консултирам со Ромео, тој е мој продуцент и супервизор. Веднаш му реков дека одам да се шишам“, вели македонската пејачка.

„Оди шишај се, само малку порано, за да имаме време за корекции“, низ смеа изјави Калиопи што и одговорил сопругот.

Калиопи Букле која зад себе има два пропаднати брака, едниот со музичарот Ромео Грил, а другиот со актерот Васил Зафирчев. Во интервјуто за српски Блиц, пејачката јавно проговори за односот со поранешните сопрузи.

Музичката ѕвезда десет години беше во брак со Ромео Грил, од кого се разведе на крајот на деведесетите години. Неколку години по разводот таа ја обнови деловната соработка со него. Ова крена голема прашина во јавноста.

Како што вели Калиопи еден телефонски повик бил доволен за да повторно се спојат, па дури и на деловен план.

 

View this post on Instagram

 

❤️

A post shared by Kaliopi Official (@kaliopibukle) on

„Ми фалеше, па едноставно го свртев телефонот и му го кажав тоа. Најмногу ми недостастуваше кога во долгогодишната кариера се најдов пред најголемиот меч со две острици наречен Евросонг. Тогаш бев сигурна дека тој е единствениот кој може со мене да го понесе тој товар, да направи вистинска песна затоа што тој најдобро ме познава. Меѓу нас некогаш се случи љубов, вистинска и права. Ни се случи време, музика, дете. Ни се случи развод, болка, патење. Ни се случи живот. И двајцата имавме свои животи и бевме среќни. Обновената соработка значи повеќе од обновена врска затоа што музиката не се создава без емоции. Ромео сеуште е мојот најблизок род. Неговата старо мото е: „Сакајте малку, сакајте добро, сакајте“, вели Калиопи.

По разводот од Ромео, пејачката вплови во нова врска, а потоа и во брак со триесет години помладиот актер и режисер Васил Зафирчев.

Калиопи со Васил беше во брак седум години. Двајцата важеа за еден од најсоодветните парови на македонската јавна сцена. Љубовта полека почнала да исчезнува. Калиопи во својата интимна исповед за еден магазин изјавила дека причината за нејзиниот развод не била разликата во години.

„Годините немаат никаква врска со тоа. И денес тврдам дека Васил и покрај своите години се однесува исклучително зрело во однос на животот. Тој е еден сериозен човек. Сериозен маж. Тоа време е веќе далечно минато и нешто за што веќе доволно се пишуваше. Повеќе би сакала да говориме за љубовта како предзнак за иднината. Сепак сите стари приказни носат епитет“, вели Калиопи.

Пејачката често говорела дека со поранешните сопрузи останала во добри односи, особено кога станува збор за нејзиниот прв маж Ромео, со кого и денеска соработува.

Секој човек има свој пат. Јас сум непоправлив романтичар. Преку разводот е тешко да се мине онолку колку што сте подготвени да поднесете. Моите поранешни сопружници денеска се мои најдобри пријатели. Веројатно успеавме во тоа, затоа што сме паметни луѓе“, изјавила Калиопи во едно од своите интервјуа.

Тоа што нашите животни патишта тргнаа во различни правци е само судбина. Денес мојот син Пако, кој порасна со татко му не сака кога зборуваме за него во јавноста. Само можам да кажам дека тој е нашата најголема љубов и дека сме многу горди родители. И секако, тој е нашиот најголем критичар“, изјави Калиопи.

 
Scroll to Top