Во љубов сум со Мартина која секој ден ме смее: Искрено со Тино Костадиновски

Актерот Валентин или Тино Костадиновски е име кое уште на прва асоцира на театарот Комедија. Ретко којзнае дека тој е всушност првиот вработен во овој театар, окако го открила глумицата Јелена Жугиќ и го викнала да конкурира, веднаш по дипломирањето на факултетот ЕСРА.

„Се наместија коцките, среќа што Владе Милчин ме одби на ФДУ, иначе можеби немаше ни да сум вработен сега, оти таа генерација и после девет години од дипломирањето немаат матичен театар“ открива Тино.

Овој пат, беше без како вели, својата втора половина, Атанас Атанасовски.

„Порелаксирано е што сум сам на интервју, затоа тој е лошиот. Ме кара, како треба да зборам, кај да одам, што да кажам. Шега на страна, со Атанас многу се дружиме. Ми го остава и синот Павле на чување, па тоа и кај мене буди го буди татковското чувство. Сега за роденден му подарив четири ваучери, па има право четири пати да се јави да му ги чувам децата, а тој да шета“, низ насмевка раскажува Тино.

На прашањето, ако некогаш се скараат, вели: Ќе ја правиме големата, сите да знаат дека сме се скарале.

Првпат прозборе и за својата девојка Мартина, со која е осум ипол години во љубов. Млада дизајнерка, за која вели“ Па веќе како да сум женет. Таа е прекрасна, ја сакам и е пресмешна. А, и дел од некој фори кои ги користам за стендап се нејзини“, искрен е Тино.

Ни откри како се запознале, и оваа приказна има две страни, нејзината, дека не го занела кој е, па случајно налетала на него, и неговата приказна, дека точно занела кој е па го бркала да го фати, се шегува Костадиновски.

Зборувавме за неговата населба Лисиче, деновите во средното „Орце Николов“, зошто го крстиле Валентин и што прави на 14. февруари на Денот на вљубените.

Низ муабетот дознаеме се: за девојката за која првпат прозборе и не штедеше да каже колку е среќен, за „франшизата“ Тино и Атанас, за „Бубамара“ која годинава првпат ја водеа сами, за детството, родителите, театарот, за урбаната култура, ама и по некој кафеански муабет … Искрено со Тино, гледајте го интервјуто.

Александра Георгиев

Scroll to Top