В петок промоција на последниот филм на починатиот актер Салаетин Билал

Филмот „Дедо и внук“, последниот филм што го сними актерот Салаетин Билал, ќе има промоција в петок во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. По ова филмот ќе се прикажува и во кината низ целата држава. Охрид. Покрај Билал, во филмот играат и Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и други.

„Беше вистинско задоволство да се работи со еден од доајените на македонскиот филм. Човек од кого може многу да се научи, не само за филмот туку и за животот воопшто“, вели режисерот Илија Пиперковски за доајенот на македонскиот филм.

Билал почина лани на 10 мај по долго боледување. Актерот имаше 76 години. Тој одигра седумдесет театарски улоги и над 40 телевизиски и филмски улоги кои ја одбележаа неговата долгогодишна кариера.

 

Scroll to Top