Ракометарот на „Пелистер“ Гоце Ојлески,  со свеќи и балони ја побара за жена својата долгогодишна девојка Елена Стојчева. Mакедонскиот фудбалер Ердал Ракип на највисоката зграда во Скандинавија ја побара девојката за сопруга .Ракип е фудбалер на шведскиот клуб Малме и лани првпат беше повикан да игра во репрезентацијата на Македонија. Тој е со потекло од Ресен.

Годинава се сврши и Иван Иванов, синот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов. По долга врска тој ја побара за жена неговата девојка Јана, а веста ја објави на социјалните мрежи. „Од сега па за навек“, напиша Иван, кој е со поинаков имиџ од претходно кога беше во некој рок фазон. И синот на актерката Тања Кочовска, Александар во Сектор 909 ја побара девојка си за жена. „Тука ја запознав, тука ја запросив“, откри тој.