Македонската писателка и магистерка по фармација Марија Јаневска, која јавноста ја знае како Лајла Грејс, веќе три години живее и работи во Гент, Белгија. Таа вкендов се венчаше со својот партнер Али Нодех, кој ја запроси лани. Венчавката бепе во замок близу Гент.
„Секогаш беше ти“, напиша Марија на Инстаграм.
Јаневска стана позната во Македонија со нејзиниот анонимен блог на кој пишуваше под псевдонимот Лајла Грејс и објавуваше љубовни приказни. Потоа ја издаде и книгата „Белешките на Лајла Грејс“. Авторка на три книги: „Белешките на Лајла Грејс“ , „Карма“ и „Асистола“ 
