Во замок во Белгија се омажи македонската писателка Лајла Грејс

Македонската писателка и магистерка по фармација Марија Јаневска, која јавноста ја знае како Лајла Грејс, веќе три години живее и работи во Гент, Белгија. Таа вкендов се венчаше со својот партнер Али Нодех, кој ја запроси лани. Венчавката бепе во замок близу Гент.

На прославата биле  нивните најблиски роднини и пријатели.
„Секогаш беше ти“, напиша Марија на Инстаграм.
 Јаневска стана позната во Македонија со нејзиниот анонимен блог на кој пишуваше под псевдонимот Лајла Грејс и објавуваше љубовни приказни. Потоа ја издаде и  книгата „Белешките на Лајла Грејс“.  Авторка на три книги: „Белешките на Лајла Грејс“ ,  „Карма“ и „Асистола“

Scroll to Top