Врати се Тоше, вели сестрата на поп-ѕвездата

Сестрата на Тоше Проески, Дора на својот профил на Фејсбук постојано објавува фотографии и песни од нејзиниот брат. Последно што го сподели е емотивен статус од српска фан страна насловена „Тоше Проески – Балкански анѓел“.

„Го молам небото да те врати“, пишува Дора.

Изминуваат речиси 11 години откако загина поп-ѕвездата . во сообраќајна несреќа на 16-октомври, 2007-ма година кај Нова Градишка, Хрватска.

И после толку години, фановите на Тоше се уште го чуваат споменот за него.

Од фондацијата „Тоше Проески“ соопштија дека на 13 октомври ќе биде промовиран неговиот необјавен албум „Secret place“.

Албумот е изработен во студиото на англискиот продуцент Енди Рајт на него се наоѓаат седум нови песни и три обработки на познати хитови.

Големиот концерт во чест на Тоше, каде ќе бидат промовирани песните од новиот албум ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ во Скопје и предвидено е балкански и македонски музички ѕвезди да ги пејат неговите хитови.

Scroll to Top