Врчак се враќа на музиката со албум сниман во „Парамаунт студио“

Раде Врчаковски-Врчак по подолго време повторно се враќа на музичката сцена со нов албум. Тој вели дека неодамна снимил музички албум во Лос Анџелес со менаџерот на Бруно Марс во „Парамаунт студио“. Музичкиот албум е американски, со артисти од Лос Анџелес .

„Пејачите се предобри, велат песните се сон, на аудициите имаше и една девојка која како мала има пеено пратечки вокали за Џенет Џексон. Манаџерот на Бруно Марс, со кого работев по препорака на моите професори од ‘Беркли’, има работено на песни со огромна популарност. Сега, ова  е љубовен музички албум  и спремете се за изнедадување идната година, по завршување на корна-кризата“, вели Врчак. Тој додава дека идејата за албумот му дошла среде лето, на море, по една убава случка.

„Целиот албум го правев од срце и со план секоја песна да е подобра од секој билборд број 1 што беше хит летото – за да дојдам до внимание и да се пренесе порака “, вели Врчак.

По објавата за новиот албум, тој доби поддршка од сите колеги кои му пишуваа коментари дека едвај чекаат. Раде Врчаковски-Врчак беше многу популарен во времето кога македоската музичка сцена имаше прогрес, а потоа се повлече од јавноста.

 

Scroll to Top