Второ издание на „Танцов дијамант во Скопје“

Во месецот кога се одбележува Светскиот ден на танцот, танцовото студио Dancers United го најавува второто издание „Танцов дијамант во Скопје.

Викендот кој е пред нас, на 5 и 6 април, ќе биде викенд на уметноста, на танцот, уникатноста, талентот и посветеноста.

Скопје повторно ќе блесне со најталентираните танчари и кореографи од Македонија, Полска, Србија, Бугарија, Грција, Унгарија, Албанија и Босна и Херцеговина.

На натпреварот кој ќе трае два дена ќе учествува судиска комисија од 24 национални, меѓународни и искусни судии кои ќе обезбедат правична и точна евалуација на натпреварувачите.

Натпреварот ќе се одржи на 5 и 6 април во Хотел Мериот каде ќе настапат над 1500 танчари од 40 клубови со над 2200 кореографии.

„DIAMOND Dance Competition“ е настан кој се одликува со многу енергија, страст, неверојатни изведби и сето тоа благодарение на кореографиите на класичен балет, модерен балет, латино и стандардни танци, акробатски танц шоуа, хип – хоп, инклузивен и пара танц, диско и уличен танц“, најавува организаторот.

Scroll to Top