Сузана Турунџиева со емотива порака и неколку фотографии објави дека денес и е роденден на ќерката Матеа која полни 13 години.
„Жените имаат многу желби, а мајките само една: Да им се децата здрави и среќни. Среќен 13.ти роденден моја Божиќна светулко. Свети и шири ја твојата светлина насекаде, секогаш, дури и тогаш кога твоето светло некому ќе му пречи во очите. Не престанувај да светиш и да шириш љубов. За многу години Божик, Христос се роди и Матеа се роди“, напиша Туринџиева.
Покрај Матеа, Турунџиева ја има и ќерката Лора, која веќе е мајка и има свое семејство.