Забава со „САФ“, „Ван Гог“, диџеј Чваре, „Саут Парк“ на Пиволенд  

 

Десеттото јубилејно издание на фестивалот „Пиволенд“ ќе се одржи од 7 до 12 август, на скопското Кале. На манифестацијата ќе настапат „САФ“, „Ван Гог“, диџеј Чваре, „Саут Парк“ и други. Градот Скопје за годинешното издание на „Пиволенд“ издвои 600 илјади денари.

„Сакам да напоменам дека со одржувањето на Пиволенд почнува големата летна забава Супер Скопје, која ќе се одржи на повеќе локации во градот. На 18 и 19 август покрај кафулињата на кејот, на 25 и 26 август во скопската чаршија,  на 1 и 2 септември  на улица ‘Македонија’ и на 8 и 9 септември на ‘Боемската улица’. При тоа, на сите овие четири локации на летната забава, која ќе почнува во петок навечер и ќе завршува во сабота навечер, граѓаните на Скопје и посетителите ќе имаат можност да уживаат во добра музика“, изјави градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, на денешната прес-конференција.  Во однос на претстојниот Суперкуп на УЕФА, градоначалникот очекува над 20.000 посетители и истакна дека се исполнети сите барања од Европската фудбалска федерација за овој настан.

 

Scroll to Top