Заев и Филипче заедно уживаат на море

На социјалните мрежи се споделува фотографија од поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче како заедно уживаат на море.

На фотографијата Заев и Филипче се во женско друштво. Локацијата каде одмараат поранешните функционери не е позната.

Исто така и лани на социјалните мрежи се појави фотографија на која поранешниот премиер и министер, одмараа на море, а за локацијата наводно се споменуваше Халкидики.

Не е тајна дека Заев и Филипче приватно се дружат. Тие изминатите години објавуваа фотографии како заедно со мотори ја шетаат Грција.

Scroll to Top