Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил ги покани граѓаните на журка во дворот пред Влада на Денот на независноста.
„Дојдете в сабота од 18 часот да го прославиме Ден на независноста – 8 Септември во дворот на Владата на Република Македонија. Ќе уживаме во музиката на оркестарот на Македонската филхармонија со маестро Емин Џијан, Тамара и Тијана, познатите домашни дицеи Феки Фарис и Огнен Узуновски Оги. Најмладите ќе се забавуваат со 5+ Бенд“, напиша Заев. Покрај музичкиот дел, предвидено е и обраќање на премиерот.