Покрај колегите и познатите јавни личности кои на социјалните мрежи не престануваат да се збогуваат со доајенот на македонското глумите, порака напиша и премиерот Зоран Заев . Тој се збогува од актерот преку неговиот профил на Фејсбук.
„Жална е веста за смртта на знаменитиот доајен на македонскиот театар и филм, Ванчо Петрушевски. Неговиот актерски талент ќе продолжи да живее како инспирација за многу млади актери во Република Македонија. Нека почива во мир“, пишува на фејсбук премиерот Заев.