Премиерот Зоран Заев и неговата сопруга Зорица денес прославуваат 23 години брак. Тоа се поклопува со денот на референдумот, кога Македонците одлучуваат дали да се промени името. Заеви, кои се имењаци, се заедно уште од деца, соседи во маало. Љубовната врска им почнала во средно училиште, а по шест години се венчале. Зоран е само една година постар од својата сопруга, со која се бендисале по ходниците во средното училиште.
„Со Зоран се знаевме многу одамна, речиси од деца. Всушност, нашето познанство, со оглед на малата разлика во годините, е уште од нашето основно образование. Тоа познанство прерасна во љубов и во сериозна врска веќе во далечната 1995 година, при крајот на средното образование“, открила неодамна Заева.
Таа вели дека премиерот најпрво ја привлекол со својот изглед.
„Тоа е нешто што е пресудно за секоја тинејџерка во тие години. Потоа ме освои со својот карактер“, раскажала Заева.
Како деца живееле во исто маало, а зградите им биле една до друга, па не смо што се познавале и се дружеле, туку биле заедно и во некогашното детско одморалиште во Суви Лаки, Беровско. Тогаш никој не мислел дека еден ден ќе бидат заедно. За време на последната година од студиите на Економскиот факултет решиле да живеат заедно во Скопје, а нешто подоцна Зоран ѝ предложил брак. Тогаш и двајцата работеле во семејната фирма на Заев. Набргу се родила ќерката Александра, а по неколку години и синот Душко. Во во тоа време премиерот веќе бил пратеник во Собранието.