Легендарниот музичар Зафир Хаџиманов се сети на својот прв љубовен бакнеж со сопругата Сенка Велетаниќ, кој бил во далечната 1966 година, кога ја почнале својата љубовна врска во Белград. Тие се заедно повеќе од половина век, односно 53 години. Неговата сопруга Сенка е познато музичко име, а со пеењето престана да се занимава по распаѓањето на Југославија.
Зафир и Сенка важат за една од ретките брачни двојки на естрадата кои имаат успешен брак, а заедно го имаат синот Васил, кој е успешен џез-музичар.