Водителот и музичар Драган Вучиќ денес беше погребан на Градските гробишта Бутел во Скопје. Синот Мартин со сопругата, блиски пријатели, роднини и колеги, дојдоа да ги испратат во неговиот вечен дом.
Со солзи во очите и венци со свежо цвеќе, скршени од болка, во поинакви услови, блиските доаѓаа да му оддадат почит. За жал, ситуацијата со коронавирусот не дозволи Драган да го испратат бројни колеги, музичари, познати, кои вчера се простуваа од него на социјалните мрежи. Ниту сопругата Весна, не можеше да приуствува на погребот.
Беа испочитувани сите заштитни мерки и препораки поврзани со пандемијата со коронавирусот. Телото беше изложено на отворено, а улицата беше затворена од 12 до 14 часот па оние кои дојдоа, можеа да се движат согласно мерките.
Познатиот музичар и водител почина вчера на Инфективната клиника, каде што се лекувал осум дена. Министерот за здравство, Венко Филипче, откри дека Вучиќ бил хоспитализиран на одделението за интензивна нега, откако состојбата му се влошила. Посочи и дека имал многу тежок наод на белите дробови.
Подготви : Редакција Репортер