Збогум маестро, последен поздрав од сите генерации за Александар Џамбазов

Денеска во Скопје почина маестро Александар Џамбазов, македонски диригент и композитор. Веста за смртта на маестро Џамбазов ја објави неговиот син, актерот Игор Џамбазов.

„Си замина нашиот маестро, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години. Од денес, конечно со својата Анче. Вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој“, напиша Игор на Инстаграм.

На социјалните мрежи, не само јавните личности туку воошто, сите кои го сакаа и почитуваа, од различни генерации, се простуваат од него. Статуси и пораки како последен поздрав, за местро кој беше еден од омилените во јавноста.

Scroll to Top