Наташа Петровска со години го носи епитетот на една од најубавите жени во Македонија. Повеќе од пет години е сопственичка на студиото за ремоделирање на тело „Фигурела“, бренд кој цели 40 години успешно функционира во светски рамки. Освен што може да се пофали со успешна професионална кариера, важи за една од ретките жени која успешно се занимава и со менаџирањето. Нејзиното тело е резултат на напорните вежби и тренинзи во „Фигурела“, а сега за сите читателки на „Репортер“ ги открива тајните на убавината и како до совршено тело.
Долги години сте сопственичка на студиото за ремоделирање на тело „Фигурела“, бренд кој цели 40 години успешно функционира во светски рамки. Како се решивте за оваа приказна?
Пред околу 14 години на едно од моите патувања во Австрија за прв пат се сретнав со „Фигурела“. Првично методот го испробав на себе и бев презадоволна од резултатите кои ги постигнав за краток временски рок. Токму поради ова решив да го отворам студиото овде во Македонија и да ја донесам франшизата во Скопје. Првично со цел да можам методот да применувам на себе бидејќи навистина се вљубив во него и бенефитот кој истиот го има, а потоа и за да им овозможам на сите дами да уживаат во него. Цврсто верував во методот и знаев дека ако го донесам и кај нас истиот ќе наиде на воодушевување кај припадничките на понежниот пол и за брзо ќе стане дел од нивното секојдневие. Еве, денес после 13 години успешна работа и функционирање, слободно можам да кажам дека сум била во право. Потврда и доказ за тоа се низата задоволни клиентки кои со години тренираат кај нас.
Како денес после толку години гледате на сето ова?
После 13 години постоење на „Фигурела Македонија“ можам нескромно да кажам дека сум направила вистински избор и сум презадоволна од тоа како „Фигурела“ функционира кај нас . Никогаш не ни бев скептична, за време на сите овие години се покажа дека „Фигурела“ е токму тоа сто недостасувало, а посебно горда сум на фактот што имале лојални клиентки кои се со нас од самото отворање. Тоа е огромен доказ дека „Фигурела“ функционира беспрекорно, благодарна и горда сум и на нашиот стручен тим кој е со мене исто така од самиот почеток. Без нив „Фигурела“ немаше да биде она што е денес. Тоа што сме заедно сите овие години мислам дека кажува многу, како за нашиот начин на функционирање и работа, така и за успешноста и резултатите кај клиентите.
Важите за една од најубавите жени во Македонија. Кој е резултатот на ова?
Благодарам на убавите зборови, навистина ми значат. Мојот изглед е веројатно благодарение на добрата генерика првично, но и на „Фигурела“ која активно ја практикувам 13 години. Редовно тренирам, истовремено водам сметка за тоа што го внесувам во организмот (балансирана исхрана и здрава пред се) и се грижам за себеси, како надворешно, така и внатрешно. Убавината е меч со две острици, не можете да зрачите однадвор, ако од внатре не сте исполнети и среќни. Тоа е некое мое генерално мислење кога ќе се спомене убавина.
Неодамна ги донесовте во вашето судио смарт солариумите кои се нова генерација на солариуми кои не ја оштетуваат кожата?
„Смарт Солариум“ е една од водечките фабрики во светот кои произведуваат солариуми . Дизајнираат професионални солариуми од 1981 година ,со цел да ги добијат најперформативните и најнапредни уреди во светот. „Смарт Солариум“ има развиено UV Save технологија со која им гарантираат на сите корисници сончан и еднаков тен ,со целосна заштита на кожата продуцирајки и колаген. Смарт Солариумите исто така може да се користат само како козметички третман за продуцирање на колаген на кожата без користење на УВ зраци.
Како функционираат и колку третмани се доволни за да се постигне ефект?
Ефект се постигнува веднаш после првиот третман , во зависност од типот на кожата и и од тенот кој што го очекува клиентот се одредува и колку сесии ќе бидат доволни и со колку минути ќе се стартува. Резултатите се индивидуални. Морам да нагласам дека сум горда што сме единствено студио кое може да се пофали со ваков тип на солариуми овде во Скопје. Еден од солариумите кои ги имаме во „Фигурела“ е „Смарт солариум трон“. Со неговиот електронски селектор можете да направите третман со фотобиомодулација (стимулација на колаген) проследен со УВ третман. Овој начин ќе донесе подобар тен и поприродна боја, благодарение на ефектот на регенерација на светлината со бранова должина од 633 нм. . Наскоро пристигнува и најновиот Смарт солариум со колагенска терапија и бреезер од хијалуронска киселина …Тоа е една уникатна понуда за прв пат во регионот, деталите за истиот ќе ги откриеме наскоро.
Кои се вашите препораки за добар изглед, вклучувајки го начинот на исхрана и вежбањето? Што ги советувате дамите?
Освен физичката активност и умереност во исхраната има и други фактори кој допринесуваат за убав изглед и добро здравје . Позитивна мисла и добро расположение, помалку стрес и квалитетен сон се дефинитивно основа за свеж, младешки и убав изглед.
Колку жените се грижат за своето тело?
Забележувам дека во последните години свеста кај жените е на повисоко ниво за разлика од пред десетина години и сега исклучително внимаваат на својот изглед и стил . Во последно време се повеќе се физички активни и обрнуваат внимание на изгледот, внимаваат на исхраната, се хранат здраво и балансирано, се негуваат и ја одржуваат својата форма.
Апаратот „Ендосфера“ за прв пат го донесовте во Македонија и тоа е единствено и најдобро решение во борбата со целулитот и обликувањето на телото. После колку третмани се гледа ефектот и како функционира?
Ендосферата е исто така италјански производ и навистина е вистина кога велите дека е најдобар во борбата против целулитот. Освен што успешно ја отстранува „кората“ од кожата, ја зголемува и циркулацијата , ја зајакнува имунолошката функција , го намалува фиброзното ткиво, го подобрува тонусот и што е најважно од се, го подигнува задникот дури за 2 сантиметри Резулататите се забележуваат веднаш после првиот третман и се видливи.
Кој е советот кој ќе им го дадете на дамите за нивниот изглед и дали имате во план да донсете и други новитети?
Мојот совет за секоја дама е никогаш да не престане да се грижи за својот изглед и тело без разлика на годините , обврските и условите што ги има . Физичка активност и насмевка како украс на лицето , во тоа е клучот на младешкиот и негуван изглед Во однос на новитетите, тука е новиот смарт солариум кој што наскоро пристигнува во нашето студио. Паралелно работиме на нови промотивни пакети, како за вежбање, така и за третмани со Ендосфера. Ќе бидеме дел од и од регионалната конференција за жени „Профемина“, па сите дами кои сакаат да се запознаат со услугите кои студио „Фигурела“ ги нуди, може да повелат на осми декември во хотелот „Хилтон“ во Скопје.