Топ-моделот Катарина Ивановска наполни 35 години. Овој пат роденденската журка беше во Хрватска во Пула, каде таа веќе неколку дена е на одмор во друштво со Александра Бела, сопругата на актерот Атанас Атанасовски.
Забавата почна прво на бротче на Јадранското море, каде дуваше торта, во бикини. Главната журка беше ноќта, кога најпознатата ѕвезда во регионот Здравко Чолиќ имаше концерт во Пулската арена каде ги пееше своите најголеми хитови. Ивановска уживаше во концертот со своето друштво и ја пееше речиси секоја песна од Чолиќ.