Зелено е во мода, докторката Цули избра елегантен фустан за Светскиот ден на здравјето

По повод одбележувањето на Светскиот ден на здравјето, 7, април, беше презентирано целосно реновираното Одделение за онкологија на Клиниката за детски болести во Скопје, со кого раководи директорката д-р Аспазија Софијанова.

На настанот, таа носеше смарагдно зелен фустан на преклоп со елегантна линија и должина под колената, изработен од домашниот моден бренд Елена Лука. А својот изглед го надополни со впечатлив накит и црни чевли на висока потпетица.

„Нашите мали пациенти, или како што ние обожаваме да ги наречеме Херои, ќе имаат многу подобри можности во нивната борба, а моите колешки и колеги од Одделот за онкологија идеални услови за работа, бидејќи колку да се трудиме, колку и да дадеме несебичен придонес, технологијата има огромно значење“, изјави директорката на Клиниката за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова.

Оваа модернизација ќе им овозможи на најмалите пациенти да имаат подобри и подостоинствени услови за престој додека трае нивното лекување на ова одделение, како и подобри услови за нивните родители кои ги придружуваат, но и за целиот персонал кој се грижи за нивното оздравување.

фото: Влада.мк

Scroll to Top