Деветгодишната Ева Соколовска освои златен медал на натпреварот по ритмичка гимнастика, што се одржа во германскиот град Боркен. Ева трета година по ред, го освојува првото место во нејзината класа.
Таа досега имала 14 натпревари на републичко ниво и на сите го освојувала прво место. За една недела ја очекува нов турнир, а прогнозите се дека ја очекува ново злато.
Ева со родителите и сестра ѝ Илина, која исто така е гимнастичарка, живее во градот Белефилд во Германија. На натпреварот таа доби поддршка од Илина, која веќе се натпреварува во бундес-лигата.