Ѕвездо моја, само ти ми го светиш патот, Миа Костова со емотивна фотографија за роденденот на синот

Поранешната водителка Миа Костова го прослави 10 роденден на синот Андрија. Таа сподели и неколку фотографии и напиша :

„Ѕвездо моја. 10 години ми го светиш патот и кога е со дупки и кога не ми треба светло.Те сакам од овој ден до бескрајот и никогаш назад!  Биди само здрав и жив, мама ти го чува грбот“ напиша Миа покрај фотографијата на која Андрија ги дува роденденските свеки.

Неодамна таа во интревју за Репортер зборуваше дека иако е некогаш строга, сепак е праведна мајка и дека Андрија е се она што ја прави среќна. Ни откри и дека со неговиот татко се во одлични односи.

„Андрија е најубавото нешто што ми се случи. Зардаи него знаев дека мора да ја надминам депресијата со која се соочував подолго време. Можеби сум некогаш строга маја, ама секогаш сум правдена кон него“, ни откри неодамна Костова.

Scroll to Top