Звуци од пијано и елегантна торта: докторка Цули Софијанова во Лондон славеше роденден

Докторката на Клиниката за детски болести, д-р Аспазија Софијанова, позната уште како доктор Цули, денес наполни 58 години. Таа го прослави својот роденден со елегантна торта и во интимна атмосфера во еден ресторан во Лондон, Англија.

Со неа беше и нејзината ќерка Марија која долги години живее во Лондон. Докторка Цули  сподели фотографии од роденденската прослава, која овој пат беше со звуци од пијано, за разлика од лани кога славеше во ресторан во Скопје.

 

Лани шефицата на Одделот за интензивна нега и терапија на Клиниката за детски болести роденденот го славеше во Скопје, каде и беа двете ќерки, Анастазија и Марија и внукот Михаил.

Оваа година роденден во Лондон за познатата педијатарка.

Scroll to Top