Богатата наследничка Парис Хилтон и нејзиниот свршеник, актерот Крис Зилка, пред неколку дена биле на забава во диско. Пред да си заминат од клубот, Парис сфатила дека ѝ го нема вереничкиот прстен вреден 2 милиони долари.
Обезбедувањето не дозволило никој да си замине од клубот и го пребарувале секој дел од ВИП сепарињата. На крајот, дијамантскиот прстен на Парис бил пронајден во чашата со шампањско од која пиела, а која ја оставила на туѓа маса, на другиот крај на клубот.
Според „Метро“, Хилтон била многу вознемирена, па додека Крис го барал прстенот, таа седела мирна на сепаре и плачела.
Крис и Парис се свршија во јануари. Датумот за свадбата засега не е одреден.