Арктикот би можел да доживее денови без мраз во следните неколку години

Арктикот би можел да ги доживее своите први летни денови без мраз во следните неколку години, најавија научниците, а пренесува германската новинска агенција dpa.

Арктичкиот мраз се топи во текот на летните месеци намалувајќи ја површината на замрзнатиот океан, а потоа повторно се зголемува во текот на зимските месеци.

Но, ледената покривка се намалува како резултат на глобалното затоплување, па се направени процени кога Арктичкиот Океан би можел да биде без мраз во септември кога ќе го достигне својот минимален обем на крајот на летото.

Тоа не значи дека нема да има мраз, но научниците ја дефинираат како област со помалку од еден милион квадратни километри ледена покривка, што е само 20 отсто од просечната минимална покривка во 80-тите.

Текстот Арктикот би можел да доживее денови без мраз во следните неколку години е превземен од МАКФАКС.

Scroll to Top