Викторија и Дејвид Бекам наводно се во преговори за купување на луксузна вила во Црна Гора која се проценува на 12 милиони евра.
Славниот пар со сопственикот на куќата се запознал лично во Лондон, а потоа се заинтересирале за импозантната зграда, пишува Телеграф.
Тој е Црногорец, а Бекамови му рекле дека и нивниот продажен тим треба да им испрати официјална понуда.
Како што понатаму се наведува, куќата се наоѓа далеку од метежот и вревата на градот во Доња Ластва.
За вилата, која има поглед кон морето, се вели дека се наоѓа на парцела од 4.200 метри квадратни, а е изградена на четири основни нивоа поврзани со лифт.
Има и огромна дневна соба, теретана, џакузи, седум спални соби и соба за забава.
Во средината на дворот има маслинка стара помеѓу 800 и 1000 години.