Бела ноќ во Скопје, со концерти, изложи, модни ревии

Манифестација „Бела ноќ“ почнува денес на повеќе локации низ Скопје. Најавени се концерти, изложби, проекции, поетски читања и перформанси на десетици локации низ градот. Главната  манифестација ќе се одржи пред Порта Македонија – концерт со композициите од маестро Кире Костов што ќе ги пеат Андријана Јаневска, Наде Талевска, Дани Димитровска и Ламбе Алабаковски. Ќе ги придружува Биг бенд, со кој ќе диригира Љупчо Мирковски. Најавено е и визуелно шоу со 3-Д мапинг на самата порта.

Во ГТЦ ќе се одржи изложбата „Игри и мечтаења“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, а во Факултетот за драмски уметности ќе има повеќе театарски престави и филмска и музичка програма. На плоштадот Филип Втори ќе настапат повеќе културно-уметнички друштва со македонските ора. Настани ќе има и во Капан ан каде ќе се прикажае проектот „Никеја“ со Славе Димитров и Весна Ѓиновска-Илкова, а во Домот на културата „Кочо Рацин“ ќе биде поставена изложбата „Култура во кутија“.

Scroll to Top