Пејачката Бијонсе во едно од нејзините интервјуа откри дека за време на паузите од концертите, таа трчала позади сцената за да ги дои близнаците, ќерката Руми и синот Сира. Пејачката призна дека брзо по породувањето, таа се вратила на работа и почнала со концертите.
Но, вели дека истовремено морала да се грижи за близнаците, што и претставувало дополнителен шок. Таа во документарецот за „Нетфликс“ откри дека додека била бремена со нејзианта прва ќерка Блу Ајви, постојано била активна, но со близинаците подоцна со месеци мирувала.
Таа вели дека во тоа време трпела многу болки и дека морала да направи царски рез.
„Додека ги носев близнаците, моето тело претрпе толкава болка што не можев ни да замислам. Имав 100 килограми, а и високиот крвен притисок ми создаваше дополнителни проблеми“, изјавила Бијонсе.
И самото пораѓање не одело без проблеми. Бијонсе откри дека срцето на еден од близнаците за неколку моменти престанало да чука.
„Бев уплашена и веднаш ме однесоа да направам итен царски рез. На почетокот имав силни грчеви и не можев да издржам концерти од два часа. Моето тело не беше врзано со сцената. Мојот ум сакаше да биде само со децата, но луѓето не ја гледаат таа жртва“, изјавила Бијонсе.
Таа објаснила дека и било тешко да го врзува своето време за работата и дека децата често ги носела со себе на концертите.
„Ќе танцував и пеев, а потоа на паузите ќе истрчав позади сцената по децата и ќе ги доев во приколката“, призна Бијонсе.
Бијонсе и нејзиниот сопруг раперот Џеј Зи плаќале по десетина дадилки зад а им ги чуваат децата. Нивните плати изнесувале и по 100.000 долари годишно.
Бијонсе вели дека блзинаците не спиеле во исто време, па за секое од децата морале да земаат по една дадилка. Бијонсе вели дека сите се различни карактери и дека во иднина најверојатно секој ќе работи нешто различно.