„Браво бенд“ и Сале Тропико првпат заедно снимија песна

Групата „Браво Бенд“ во соработка со фронтменот на „Тропико“ Александар Цветковиќ – Сале ја најавија првата песна на српски јазик. Името засега не го открија. Песната е на Сале, а текстот на Драган Брајовиќ – Браја. Ни рекоа дека деновиве се во Белград каде го снимаат спотот.

„Презадоволни сме од тоа што досега го сработивме. Конечно добивме нешто што го имавме замислено. Со Сале планираме да направиме договор за подолго време. Деновиве го подготвуваме спотот за новата песна и едвај чекаме да ја видиме реакцијата од публиката“, ни рекоа момците од „Браво Бенд“.

Задоволни се од работата на Сале и рекоа дека е добар музичар.

„Иако не го познававме предходно, доволни ни беа само 10 минути со него за да ни се спојат енергиите и се чуствуваме како да се познаваме 10 години“, рече тапанарот Дени од бендот.

Scroll to Top