Холивудската актерка Шанон Доерти, позната како Бренда Волш од популарната серија „Беверли Хилс“, го победи ракот на дојката. Таа долго време се бореше со болеста и речиси секој чекор од лекувањето го споделуваше со своите следбеници на „Инстаграм“. Со ова, изјави таа неколкупати, сака да ја зголеми свесноста за ракот и за редовните прегледи со кои оваа болест би се детектирала рано и би се излечила успешно.
Ракот на дојката лекарите го откриле во февруари 2015 година, по што актерката се подложила на мастектомија, хемотерапија и радијација.
Шенон повторно му се врати и на филмот. Таа глумеше во римејкот на филмот Heathers. Ова беше нејзин прв ангажман по долго време. Актерката се појави и на премиерата на филмот и пред присутните одржа говор во кој ѝ се заблагодари на целата екипа, луѓето што ја поддржувале во текот на снимањето и покрај здравствените проблеми со кои се борела.