Даниел Дончевски по петти пат го фати крстот во Скопје

Православните христијани денес го празнуваат големиот верски празник Богојавление – Водици. По крстот во реката Вардар скокнаа околу 150 верници, а најсреќен беше Даниел Дончевски од Маџари кој по петти пат го фати крстот. Меѓу верниците што скокнаа по крстот имаше и една жена.

Даниел досега девет пати учествувал на оваа манифестација.

„Го фаќам крстот по петти пат и сфаќам дека ова не е случајно. Крстот го фаќам секоја парна година и секогаш ми носи среќа“, изјави Дончевски веднаш откако доби благослов од господин Господин Стефан.

Дончевски од компанијата „Зегин“ ќе добие вредни подароци. Оваа компанија повеќе од 20 години е спонзор на Водици и во овој период имаат доделено 35 телевизори, 20 таблети, 10 лаптопи и околу 5.000 маици на верниците што скокаат по крстот во реката Вардар.

Церемонија на фрлање на крстот во осветените води на Вардар, како и секоја година, ја следеа голем број луѓе.

Крстот претходно беше фрлен и во другите градови во земјава.

 

Scroll to Top