Глумецот Даниел Редклиф, познат по улогата на Хари Потер, во шоуто на Греам Нортон открил дека додека се шетал низ улиците на Њујорк голем број минувачи почнале да му даваат милостина мислејќи дека е сиромав. Тој објаснил дека поради неговиот неуреден изглед, фановите помислиле дека е бездомник и дека му требаат пари за храна.
„Стоев на една од улиците на Менхетен со моето куче, додека мојата девојка беше во продавница. Беше многу студено. Носев дуксер со капа и преку него имав голем капут. Клекнав да го гушнам моето куче за да го стоплам, а еден случаен минувач ме виде, ми се насмеа и ми подари пет долари за да си купам кафе“, изјавил Редклиф.
Глумецот во шоуто изјавил дека по ваквиот гест почнал да внимава на својот изглед и почесто се чешлал и бричел. Момчето кое се прослави во улогата на младиот магионичар денес е побогат за околу 84 милиони долари.